Македонската репрезентативка Драгана Петковска ќе има нов предизвик во играчката кариера во 2025 година.
Таа се раздели со тимот на Салерно, чии бои ги бранеше од ова лето, а италијанскиот тим на социјалните мрежи се поздрави со Петковска, која беше дел од репрезентацијата на Македонија на ЕП 2024.
27-годишната голманка кариерата ја започна во школата на Индира Кастратовиќ, потоа настапуваше за првиот и втор тим на Вардар. По одличните настапи за „црвено-црните“ започна да гради интернационална кариера во Данска.
Беше дел од турскиот Андерсен, како и данските суперлигаши Силкеборг и Сондерјиске. По авантурата во Данска, бранеше за српската Јагодина и за израелскиот Макаби Ришон Ле Зион.
Со Вардар беше дел од Лигата на шампионите, а со вториот тим на „црвено-црните“ настапуваше во тогашниот Челинџ Куп.