Македонската легенда Пепи Манасков не е повеќе тренер на прволигашот Вардар Неготино.
По изненадувачкиот пораз на неготинци од тимот на Текстилец во Штип со 35-33, стратегот и раководството на Вардар Неготино решија да се разделат.
Манасков го презема летоска неготинскиот клуб кој најави високи амбиции и борба за врвот на табелата во Првата лига, но веќе има два порази.
Првпат Вардар Неготино загуби на гостувањето кај Младост Богданци, а сега беше поразен и во Штип, а допрва треба да игра со другите тимови што претендираат за врвот.
Кој ќе седне на клупата на неготинци наместо Манасков, ќе биде познато во следниот период. Во следното коло Вардар Неготино ќе игра дома против Драчево Јуниор.