Се разделија Охрид и Предраг Вејин

Српскиот интернационалец Предраг Вејин не е повеќе член на амбициозниот македонски проект Охрид.

Договорот меѓу „гладијаторите“ и десниот бек е раскинат спогодбено, откако тој не успеа да се рехабилитира по повредата што ја влечеше од неговиот претходен тим Олимпијакос.

Тренерот Борис Ројевиќ на десната бековска позиција располага со македонско трио – Томислав Јагуриновски, Давид Савревски и Никола Шипинкоски.

Вејин дојде ова лето во Охрид по две сезони во грчкиот Олимпијакос, а претходно играше за Нексе Нашице, Висла Плоцк, Металург, Данкерк, Рамат Хашарон…