Се разделија Дрогришки и Охрид

Тимот на Охрид пред стартот на новата сезона ќе бара ново решение на средната бековска позиција, откако остана без Стефан Дрогришки.

Битолчанецот беше обврзан на уште една сезона во охридскиот тим, но побара предвремен раскин.

Клубот му излезе во пресрет на барање на Дрогришки и тој е слободен играч.

„Му се заблагодаруваме на Дрогришки за досегашниот ангажман и му посакуваме успех во понатамошната кариера“, напишаа од клубот.

Тој е поранешен репрезентативец на Македонија, а низ кариерата освен во Пелистер и Еурофарм Работник, настапуваше и за Металург и Тиквеш.