Се разделија Драган Аџиќ и Мошонмаѓаровар

По високиот пораз во четвртфиналето на Лигата на Европа, Драган Аџиќ, се раздели со тимот на Мошонмаѓаровар.

Унгарскиот клуб објави за разделбата на социјалните мрежи, а иако беше направен голем успех со пласманот во ТОП 8 во ЛЕ, сепак поразот на домашен терен од Естергом, беше причина за прекинот на соработката.

Селекторот на женската репрезентација на Словенија по заминувањето од Будуќност Подгорица работеше две сезони во Крим, а една и пол сезона беше дел од амбициозниот унгарски тим.

Мошонмаѓаровар го очекува реваншот кај Естергом во Лигата на Европа, но во продолжение од сезоната ќе биде предводен од друг стратег.