Се разделија Бикоски и Вардар Неготино

Левото крило Христи Бикоски, по една полусезона се раздели со прволигашот Вардар Неготино, откако двете страни решија да тргнат по својот пат.

Бикоски дојде летово во Неготино, беа најавувани сериозни амбиции, но негативата во однос на првопласираниот Младост Богданци е шест бодови на полусезоната, па тешко дека Вардар ќе се вмеша во битката за суперлигашко место.

Прилепчанецот сега е слободен во потрага по нова средина, претходно настапуваше шест сезони во Прилеп, а играше и за Вардар Јуниор и Јуниор Кисела Вода.

Претходно од Неготино си замина тренерот Пепи Манасков, а на негово место дојде Игор Котевски.