За време на натпреварот од второто коло во Втората лига на Франција, во Бесансон се случи настан за кој малкумина можеле да претпостават.
На дуелот помеѓу Бесансон и Понто Комбо, една трудница која била во 37 недели од бременоста почувствувала контракции – и тоа директно на трибините!
Без одлагање, безбедносниот тим и службите за итни случаи се мобилизираа. Пожарникари, лекарот на натпреварот, па дури и акушерка меѓу присутните, и помогнаа на идната мајка.
Публиката на јужната трибина била замолена да остане на своите места додека младата жена беше префрлена во друга просторија за да добие потребна медицинска помош, како што пренесуваат француските медиуми.
Овој необичен момент донесе вистинска доза емоции на натпреварот. Играчите продолжија со играта, но не го криеја своето изненадување од непредвидливата ситуација. Клубот се погрижи да ги смири навивачите и најави мало изненадување за среќните родители, без да открие детали.
На социјалните мрежи се појавија бројни реакции, поздравувајќи ја организацијата и смиреноста на интервентираните, но и необичната коинциденција – започнување на нов живот додека ракометотниот натпревар влегуваше во решавачките моменти.