Во стручниот штаб на Кирил Лазаров ќе има нов член за претстојното Европско првенство во Данска, Шведска и Норвешка.
Станува збор за кондицискиот тренер Огњен Јовановиќ, кој соработува со Лазаров во „сино-белиот“ клуб од Авткоманда. Тој на клупско ниво го замени Петар Баснарков, а еве сега ќе го менува и во националниот тим на Македонија.
Јовановиќ дојде во Македонија пред неколку месеци, а претхдно работеше во романската Констанца.
Во стручниот штаб на Лазаров покрај Јовановиќ се уште и Столе Стоилов, Наум Танески, Билјана Црвенковска, Филип Миркуловски и тренерот на голмани, Нинослав Павелиќ.
Нашите ракометари денеска го имаа првиот собир, на 27 декември заминуваат за Хрватска, каде на 28 ќе играат пријателски натпревар. Потоа од 8 до 10 јануари следува настап на турнир во Винтертур и пријателски натпревари со Швајцарија, Бахреин и Украина, а првиот меч на ЕП е против Данска на 16 јануари.
























