Ракометарките на Подравка предводени од екс македонскиот селектор Ивица Обрван освоија двојна круна во Хрватска.
По првенството, Подравка освои и трофеј во Купот, откако во финалето ја совлада Локомотива Загреб со убедливи 41-22.
Македонската интернационалка Андреа Седлоска беше стрелец на два гола на овој меч, а претходно во полуфиналниот двобој со Бјеловар (27-24), Седлоска даде пет гола.
За Подравка овој трофеј е вкупно 27. во клупската историја, додека Ломотива Загреб останува на шест досега.
Покрај во Хрватска, се играа финалиња во Полска и Франција. Во Полска, трофејот го освои екипата на Заглебје Лубин, која славеше против Лублин со 28-24, додека Мец немаше проблеми во финалето на Купот на Франција против Париз и победи со 32-18 и го освои 13. трофеј во клупската историја.