Репрезентацијата на Србија одигра далеку под своите можности на Европското првенство 2024 во Германија.
Србија не успеа ниту да ја мине групната фаза и настапот на континенталниот собир го заврши на 19. позиција.
Како што пренесува српскиот портал ,,MaxBet Sport” пред дуелот на „орлите“ со Исланд бил избегнат голем скандал, откако еден репрезентативец на Србија сакал да си замине среде ЕП.
Станува збор за Петар Ѓорѓиќ, кој најпрво бил изоставен од составот за натпреварот со островската земја, па потоа вратен.
Имено, кога на Ѓорѓиќ му било соопштено дека нема да настапи против Исланд, левиот бек си ги спакувал куферите и им соопштил на своите колеги дека се враќа во Србија.
Сепак, довчерашниот селектор Тони Херона бргу реагирал, ја промени одлуката, го ставил Ѓорѓиќ во составот, а го изоставил Вукашин Воркапиќ, со цел да се сочува мирот во репрезентативниот табор.
Ѓорѓиќ токму во дуелот со Исланд на десет секунди пред крајот направи техничка грешка, по која „рибарите“ реализираа за нерешен резултат, 27:27.