Се огласија и од Министерството за спорт: Поништени решенијата за дејност на Скопје и Гевгелија!

|
12:09

По скандалозниот натпревар од Купот на Македонија меѓу Скопје и Гевгелија и одлуките на Дисциплинската Комисија на РФМ, се огласија и од Министерството за спорт.

Toa што го најави министерот за спорт, Борко Ристовски, веднаш по мечот меѓу Скопје и Гевгелија, денеска доби своја официјлизација, и на двата клуба им се поништени решенијата за дејност спорт.

„Во врска со последните случувања во ракометниот Куп на Македонија во женска конкуренција, по одигрувањето на Женската ракометна лига за сезоната 2024/2025 и појавата на неспортско однесување од страна на ЖРК Гевгелија и ЖРК Скопје на Куп натпреварот во групната фаза, Ракометната федерација на Македонија, по спроведена дисциплинска постапка, констатираше активности од страна на двете екипи кои се спротивни на начелото на фер-плеј, предизвикувајќи нарушување на спортскиот дух, спортскиот интегритет и витештво што е во целосна спротивност со Кодексот на ракометните клубови при РФМ и спротивно на Олимписката повелба.
Истото резултираше со исклучување на двете екипи од Ракометната федерација на Македонија и изрекување мерки на суспензија за повиканите официјални лица.
По изрекувањето на овие мерки од страна на РФМ, Министерството за спорт, во законска постапка, им ги поништи решенијата за дејност спорт на ЖРК Гевгелија и ЖРК Скопје со што тие повеќе немаат легитимитет да настапуваат во националниот систем на натпревари во македонскиот ракомет.
Министерството за спорт и Ракометната федерација на Македонија ја користат оваа прилика да упатат порака до сите спортски чинители да бидат одговорни на спортските борилишта што значи почитување на спортските правила кои се резултат на меѓународни консензуси во дејноста спорт и секогаш да бидат подготвени да го сочуваат спортскиот дигнитет, зашто преку спортот, како општо препознатлива вредност, покрај останатите придобивки, се претставува и афирмира македонскиот спорт во меѓународни рамки и се јакне националната свест“, се вели во соопштението.

Претходно Дисциплинската комисија на РФМ ги исфрли двете екипи од Женската лига, а покрај сениорските, ќе бидат исклучени и сите нивни екипи во младинските категории.

🎥 СКАНДАЛ во македонскиот Куп – си даваа автоголови, за да не победат!

🎥 Министерот Ристовски потврди – ќе им се одземат лиценците на Скопје и Гевгелија!

📸 Македонскиот ракомет стана сеир на Балканот!

24Ракомет дознава: РФМ ги исфрли Скопје и Гевгелија од лигата!

Две години суспензии за Радуловиќ, Треноска и Беќарова, казна и за делегатот на скандалозниот натпревар!

По седум години го менува клубот – Босанецот Хоџиќ од лето во Ним

Автор: Влатко Мирчески
| 13 ноември 2024
17:59

Репрезентативецот на БиХ, Харун Хоџиќ, кој од 2018 година настапува во францускиот шампионат, поточно во Шамбери, одлучи да ја промени средината.

Младиот голман ќе остане во Франција, но од наредната сезона ќе брани во тимот на Ним. Станува збор за клуб кој што во оваа сезона е меѓу петте најбогати клубови во Франција, има буџет од околу шест милиони евра.

Хоџиќ со раководството на Ним се договори на соработка со важност до три сезони, односно до јуни, 2028 година, па така босанскиот интернационалец поголемиот дел од кариерата ќе го помине во Франција.

Босанскиот голман во Шамбери пристигна во текот на 2018 година и само на 19 години дебитираше за познатиот француски клуб.

Минатата сезона, 24-годишниот голман беше меѓу најдобрите голмани во најквалитетното француско натпреварување.

„Прецртаните“ му порачаа на Обрван: Можеше да ни се јави, а не дознаваме од медиуми…

Автор: Душко Андов
| 12 ноември 2024
14:19

Голема фама се крена во хрватската јавност по објавувањето на скратениот список на ракометарки пред настапот на Европското првенство во Унгарија, Швајцарија и Австрија.

На списокот на селекторот Ивица Обрван се најдоа 20 ракометарки, но меѓу нив не се лидерите на националниот тим – Ќамила Мичијевиќ, Теа Пијевиќ и Валентина Блажевиќ. Ги нема ниту повредените Ана Дебелиќ и Андреа Шимара.

Трите „прецртани“ ракометарки се огласија во хрватските медиуми.

„Сите очекуваат ние да дадеме изјава, откако од медиумите дознавме за одлуката на селекторот Ивица Обрван да не бидеме повикани за настап на ЕП, бидејќи сме свесни дека тој очекува наша изјава. Во целост се сложуваме со тоа дека Обрван има право да повика кои ракометарки сака и тоа е негова одлука. Но сметаме дека по сите овие години кои ги дадовме за женскиот ракомет во Хрватска во најмала рака заслуживме да ни се јави селекторот, некој од стручниот штаб или сојузот и да не информира, а не да дознаваме од медиумите. Нема поубаво чувство од тоа кога се носи хрватскиот дрес. Длабоко сме навредени од постапката на селекторот, кој кажа дека вратите на репрезентацијата за нас се отворени, но тој самиот на овој начин ги затвора“, порачаа трите ракометарки за 24Сата.

Хрватска ќе тестира со Македонија и Србија на „Кроација Куп“ во Пореч од 22 до 24 ноември, додека на ЕП ќе биде во група со Данска, Швајцарија и Фарски Острови во Базел.

Хрватска на ЕП без главните ѕвезди – Обрван не смета на Мичијевиќ, Блажевиќ, Пијевиќ…

Цветан Кузманоски верен на Еурофарм Пелистер – останува до 2027 година!

Автор: Душко Андов
| 11 ноември 2024
11:37

Македонскиот репрезентативец Цветан Кузманоски останува верен на шампионот Еурофарм Пелистер.

Левото крило и македонскиот претставник во Лигата на шампионите се договорија за нова соработка до 2027 година.

Претходно битолчани ја продолжија соработката и со кружниот напаѓач Самоил Ристевски, кој исто така се обврза на договор до 2027 година.

Кузманоски потекнува од Струга, каде имаше одлични партии и го привлече вниманието на битолчани.

Левото крило го носи дресот на Еурофарм Пелистер од 2020 година.

Фантастичната Ристовска најдобра на теренот, Рапид ремизираше во драмата со Дунареа

Автор: Влатко Мирчески
| 13 ноември 2024
18:35

Репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска, имаше одлична партија во најквалитетното натпреварување во Романија.

Рапид Букурешт и Ристовска се изборија за голем бод, откако одиграа реми со Дунареа Браила, 35:35, во натпревар од 10. коло од романскиот шампионат.

Ристовска беше меѓу најзаслужните за ремито на клубот од Букурешт, натпреварот го заврши со пет гола од шест обиди, а имаше најдобар индекс на корисност во двата тима, 6,5.

Тимот на Ристовска, моментално, се наоѓа на 6. позиција на табелата, на свое конто има 19 бода, но до крајот од сезона има уште многу да се игра.

Следен предизвик за Рапид Букурешт ќе биде натпреварот со европскиот гигант Ѓер во 8. коло од Лигата на шампионите.

Пера ги отвори картите – еве го списокот на Романија за ЕП 2024

Автор: Душко Андов
| 12 ноември 2024
16:26

Селекторот на женската репрезентација на Романија, Флорентин Пера, го објави списокот на ракометарки за Европското првенство во Унгарија, Швајцарија и Австрија.

Тој ќе смета на 18 ракометарки, кои ќе бидат дел од натпреварите во „Златната лига“ во Данска, а потоа и на континенталниот собир.

На списокот ја нема Кристина Ласло, која Пера ја тренираше во неговиот клуб Глорија Бистрица, по нивниот меѓусебен конфликт, а нема да игра ниту Елиза Бучески, која се откажа од националниот тим, откако Пера не ја повика на последните два собири.

Романките се во групата Б што ќе се игра во Дебрецин, заедно со Црна Гора, Србија и Чешка, па ќе има добри шанси да се избори за главната рунда.