Се огласи првата дама на Македонија: Кога се игра со страст и мудрост, нема недостижна цел!

Првата дама на Македонија, Гордана Силјановска Давкова, по мечот со Романија, испрати честитка за ракометарите.

Tаа потенцираше дека ракометарите испишаа уште една успешна македонска ракометна приказна.

„Македонските ракометари со драматичната победа против Романија покажаа дека кога се игра со страст и мудрост, нема недостижна цел! Со срце и борбен дух, со зрелост во клучните моменти, се изборија и испишаа уште една успешна македонска ракометна приказна. Горда сум на вас и знам дека оваа победа ќе биде силна инспирација за сите идни победи и успеси на македонскиот ракомет. Продолжете да верувате во себе, како што ние веруваме во вас!“, напиша Силјановска Давкова.

Македонија го заврши настапот на ЕП на 14 место.