Минатиот викенд се одиграа последните три пријателски натпревари на репрезентациите пред настапот на Олимписките игри во Париз, кои стартуваат на 25 јули.
Селекцијата на Унгарија славеше против Јапонија, убедливо со 41-27. Избраниците на Чема Родригез, уште во првиот дел го скршија отпорот на „самураите“ кога водеа со 21-11.
Најдобар стрелец во победничката репрезентација беше Миклош Рошта со девет погодоци.
Германија, по победите над Франција и Унгарија, беа подобри и од Јапонија со убедливи 35-25, а селекторот Алфред Гисласон е загрижен за повредата на Андреас Вулф.
Женската репрезентација на Германија оди победнички во Париз, по триумфот над Бразил со 27-20.