Се на едно место за младинските лиги – групи, распореди, системи на натпреварување…

Денеска ќе стартуваат и пет од шесте младински лиги во организација на Ракометната федерација на Македонија. Младинците, младинките, кадетите, пионерите и пионерките ќе бидат активни од денеска, додека кадетките ќе им се придружат од следниот викенд.

Во машка конкуренција беа пријавени вкупно 58 екипи – 16 кај младинците, 20 кај кадетите и 22 кај пионери. Ќе има четири помалку, па сезоната ќе стартува со 54 екипи – 15 екипи кај младинците, 20 кај кадетите и 19 кај пионерите.

Во женска конкуренција беа пријавени вкупно 29 екипи – 7 кај младинките, 10 кај кадетките и 12 кај пионерките. Ќе има две помалку, па сезоната ќе стартува со 27 екипи – 5 кај младинките, 12 кај кадетките и 10 кај пионерките.

Во продолжение ги имате сите детали за новата сезона во младинските лиги – каков ќе биде системот на натпреварување, групите и распоредот, кои екипи ќе играат во првото коло…

МЛАДИНЦИ

Во машката младинска лига се пријавени 15 екипи, кои ќе бидат поделени во две групи. Ќе се игра еднокружно, а по завршување на регуларниот дел ќе се игра четвртфинале. Првопласираните четири екипи од група А ќе играат со првoпласираните четири екипи од група Б (1А-4Б, 2А-3Б, 3А-2Б, 4А-1Б дома и гости), а победниците ќе се пласираат на Ф4.

До 21/22 декември ќе се одиграат 9 кола (7 кола од есенскиот дел и 2 кола од пролетниот дел), додека вториот дел ќе започне на 22/23 февруари 2025. Пролетниот дел ќе заврши на 29/30 март 2025, четвртфиналните средби ќе се играат 5/6 април и 12/13 април 2025, додека Ф4 турнирот ќе се одржи на 26/27 април 2025.

група А: Еурофарм Пелистер, Алкалоид, Астраион, Бутел Скопје, Металург РА, Партизан Гевгелија, Скопје

група Б: Еурофарм Пелистер 2, Мулти Есенс, Прилеп, Тиквеш, Преспа Вардар, Вардар, Куманово, Пролет

Младинци, 1 коло:

група А
Бутел Скопје – Партизан Гевгелија
Металург РА – Еурофарм Пелистер
Астраион – Алкалоид
Скопје слоб.

група Б
Мулти Есенс – Куманово
Вардар – Прилеп
Тиквеш – Преспа Вардар
Пролет – Еурофарм Пелистер 2

Целосен распоред на натпреварите – група А ТУКА група Б ТУКА

МЛАДИНКИ

Во женската младинска лига ќе играат само 5 екипи. Натпреварите ќе се играат по двокружен бод систем, односно вкупно 20 кола, а шампион ќе биде првопласираната екипа.

До 21/22 декември ќе се одиграат 10 кола од есенскиот дел од сезоната, додека пролетниот дел ќе започне на 1/2 март 2025 година. Последното коло ќе се игра на 10/11 мај 2025 година.

Вардар, Ѓорче Петров, Илинден Вардар, Скопје, Металург Автокоманда

Младинки, 1 коло:
Вардар – Илинден Вардар
Ѓорче Петров – Металург Автокоманда
Скопје слоб.

Целосен распоред на натпреварите – ТУКА

КАДЕТИ

Во машката кадетска лига се пријавени вкупно 20 екипи кои ќе бидат поделени во две групи. Ќе се игра еднокружно, а по завршувањето на регуларниот дел ќе се игра четвртфинале. Првопласираните четири екипи од група А ќе играат со првoпласираните четири екипи од група Б (1А-4Б, 2А-3Б, 3А-2Б, 4А-1Б дома и гости), а победниците ќе се пласираат на Ф4.

До 21/22 декември 2024 ќе се одиграат 10 кола (9 кола од есенскиот дел и 1 коло од пролетниот дел), додека пролетниот дел ќе започне на 22/23 февруари 2025. Пролетниот дел ќе заврши на 12/13 април 2025, четвртфиналните натпревари ќе бидат на програмата на 26/27 април, односно 3/4 мај 2025, додека Ф4 турнирот е закажан за 10/11 мај 2025.

група А: Еурофарм Пелистер, Алкалоид, Вардар, Македонија ЃП, Вардар Неготино, Куманово, Текстилец, Бисинов ФЛ, Овче Поле, Младост Богданци

група Б: Еурофарм Пелистер 2, Мулти Есенс, Прилеп, Скопје, Младост Ресен, Струга, Охрид, Пролет, Илинден Вардар, Тиквеш

Кадети, 1 коло:

група А
Македонија ЃП – Младост Богданци
Еурофарм Пелистер – Вардар Неготино
Овче Поле – Бисинов ФЛ
Вардар – Алкалоид
Текстилец – Куманово

група Б
Струга – Охрид
Тиквеш – Мулти Есенс
Скопје – Еурофарм Пелистер 2
Прилеп – Илинден Вардар
Младост Ресен – Пролет

Целосен распоред на натпреварите – група А ТУКА група Б ТУКА

КАДЕТКИ

Во женската кадетска лига се пријавени 12 екипи. Натпреварите ќе се играат во еднокружен бод систем, односно вкупно 10 кола. По завршувањето на регуларниот дел ќе се игра четвртфинале. Првопласираните четири екипи од група А ќе играат со првoпласираните четири екипи од група Б (1А-4Б, 2А-3Б, 3А-2Б, 4А-1Б дома и гости), а победниците ќе се пласираат на Ф4.

Натпреварите ќе стартуваат следниот викенд, на 25/26 октомври, и ќе се игра до 22/23 ноември, додека пролетниот дел од сезоната ќе стартува на 1/2 март и ќе трае до 28/29 март 2025. Четвртфиналните средби се на програмата на 4/5 мај, односно 12/13 мај 2025, додека Ф4 ќе се игра на 26/27 април 2025.

група А: Куманово, Овче Поле СУ, Делчево Вардар, Металург, Гевгелија, Вардар

група Б: Пелистер, Јехона, Стружанка, Младост Ресен, Чаир, Деспина

Кадетки, 1 коло:

група А
Вардар – Гевгелија
Делчево Вардар – Металург
Овче Поле СУ – Куманово

група Б
Деспина – Јехона
Младост Ресен – Пелистер
Чаир – Стружанка

Целосен распоред на натпреварите – група А ТУКА група Б ТУКА

ПИОНЕРИ

Во машката пионерска лига се пријавени 19 екипи, кои ќе бидат поделени во четири групи. Натпреварите ќе се играат во двокружен бод систем (два пати домаќин и два пати гостин), односно вкупно 20 кола. По завршувањето на регуларниот дел, прво и второпласираните екипи од четирите групи вкрстуваат во четвртфинале (1А-2Б, 2А-1Б, В1-Г2, Г1-В2), а победниците ќе се пласираат на Ф4.

Натпреварите стартуваат овој викенд, а ќе се играат до 21/22 декември. Пролетниот дел од сезоната ќе почне на 22/23 февруари 2025 и ќе заврши на 25/26 април 2025. Четвртфиналните натпревари се планирани за 3/4 мај, односно 9/10 мај 2025, додека Ф4 турнирот ќе се игра на 16/17 мај 2025.

група А: Струга, Динг, Охрид, Преспа Вардар

група Б: Еурофарм Пелистер, Еурофарм Пелистер 2, Прилеп, Тиквеш, Бисинов ФЛ

група В: Вардар, Алкалоид, Бутел Скопје, Пролет, Куманово

група Г: Аеродром, Мулти Есенс, Јуниор КВ, Македонија ЃП, Радовиш

Пионери, 1 коло:

група А
Струга – Преспа Вардар
Охрид – Динг

група Б
Тиквеш – Бисинов ФЛ
Еурофарм Пелистер 2 – Еурофарм Пелистер
Прилеп слоб.

група В
Пролет – Алкалоид 
Бутел Скопје – Куманово
Вардар слоб.

група Г
Јуниор КВ – Аеродром
Радовиш – Мулти Есенс
Македонија ЃП слоб.

Целосен распоред на натпреварите – група А ТУКА група Б ТУКА група В ТУКА група Г ТУКА

ПИОНЕРКИ

Во женската пионерска лига се пријавени 10 екипи поделени во две групи . Натпреварите се играат во двокружен бод систем, а по завршувањето на регуларниот дел ќе се игра четвртфинале. Првопласираните четири екипи од група А ќе играат со првoпласираните четири екипи од група Б (1А-4Б, 2А-3Б, 3А-2Б, 4А-1Б дома и гости), а победниците ќе се пласираат на Ф4.

Натпреварите ќе стартуваат викендов, а есенскиот дел ќе заврши на 21/22 декември. Пролетниот дел ќе започне на 22/23 февруари 2025, а ќе заврши на 26/27 април 2025. Четвртфиналните натпревари се планирани за 3/4 мај, односно 9/10 мај 2025, додека Ф4 турнирот ќе се игра на 16/17 мај 2025 година.

група А: Струга, Јехона, Ѓорче Петров, Шампион, Чаир

група Б: Астибо, Младост Богданци, Вардар, Металург, Спартак

Пионерки, 1 коло:

група А
Струга – Чаир
Ѓорче Петров – Шампион
Јехона слоб.

група Б
Астибо – Металург
Вардар – Спартак
Младост Богданци слоб.

Целосен распоред на натпреварите – група А ТУКА група Б ТУКА