СЕ НА ЕДНО МЕСТО за младинските лиги – еве како ќе „презимат“ сите екипи

Со одигрувањето на заостанатиот натпревар од Младинската женска лига меѓу Куманово и Вардар пред три дена, беше комплетирана есенската полусезона во сите младински конкуренции што се играат под капата на РФМ.

Кај младинците лидер е Мулти Есенс со 12 победи на 12 меча, додека на делба на второто место се шампионот Голден Арт и Пролет со по 29 бодови, а на четвртото место е Младост Богданци кој успеа да собере 28 бодови.

Младинските екипи на Еурофарм Пелистер и Вардар се на последните две позиции. Битолчани имаат две победи за шест бода, додека скопјани се последни без ниту еден освоен бод на 12 натпревари.

Напролет не очекуваат интересни натпревари, а нема сомнеж дека битката за титулата ќе биде жестока.

МЛАДИНЦИ – ТАБЕЛА

Кај кадетите, во група А, најблиску до место на завршниот турнир е тимот на Струга, но не смее да се отпише ниту тимот на Охрид.

Во групата Б, максимален биланс – седум победи на седум натпревари има Еурофарм Пелистер 2, кој е на чекор до место на Ф4, а шанса од позадина ќе очекува Мулти Есенс.

Во група В, екипите на врвот се на разлика од само три бода, па се очекуваат интересни натпревари напролет не само за првото место, туку и за второто кое носи бараж меч за место на Ф4.

КАДЕТИ – ТАБЕЛА, ГРУПА А

КАДЕТИ – ТАБЕЛА, ГРУПА Б

КАДЕТИ – ТАБЕЛА, ГРУПА В

Кај пионерите, во група А, најмногу прикажаа ракометарите на Охрид, кои не загубија на ниту еден меч, а втор на табелата е тимот на Струга. Своја шанса за место на завршниот турнир имаат и Голден Арт, Еурофарм Пелистер 2….

Во група Б, лидерот е Еурофарм Пелистер со максимален биланс од осум победи на осум меча, а во борба за врвот може да се вмешаат Алкалоид и Скопје.

Во група В, сите екипи се на разлика од три бода, па максимално неизвесно ќе биде напролет. Кумановци имаат девет од девет, додека Аеродром запиша само еден пораз во есенскиот дел

ПИОНЕРИ – ТАБЕЛА, ГРУПА А

ПИОНЕРИ – ТАБЕЛА, ГРУПА Б

ПИОНЕРИ – ТАБЕЛА, ГРУПА В

Кај младинките, лидер на табелата е екипата на Вардар, која во ростерот има многу ракометарки од првата екипа.

Вардарки забележаа шест победи на шест меча што беше доволно за првото место пред Ѓорче Петров, кој има само еден пораз, па и овде битката за титула ќе биде интересна. Од позадина шанса ќе чекаат Спартак, Скопје…

МЛАДИНКИ – ТАБЕЛА

Кај кадетките борбата за титулата ќе биде жестока. Стружанка и Вардар на есенското дерби одиграа нерешено, па сега имаа ист број на бодови.

Ѓорче Петров, кој е трет со пет победи на седум меча, може да се вклучи во трката за првото место и да биде закана за Стружанка и Вардар.

КАДЕТКИ – ТАБЕЛА

Кај пионерките, во група А, најмногу есенва покажаа Вардар и Делчево, кои се најблиску до пласман на Ф4 турнирот.

Во група Б, лидер е Ѓорче Петров, кој нема пораз на седум натпревари и се чини дека е сигурен меѓу најдобрите четири, додека Стружанка и Пелистер ќе се борат за второто место.

ПИОНЕРКИ – ТАБЕЛА, ГРУПА А

ПИОНЕРКИ – ТАБЕЛА, ГРУПА Б