Се менува системот на ЕП, поголеми шанси за Македонија – еве како ќе се игра!

Европските првенства од 2028 година ќе се играат по нов систем! Досегашниот кој веќе по првиот круг ги испраќаше дома половина од учесниците, ќе биде заменет со нов, поатрактивен, што ќе донесе поголеми шанси за оние од втор, па и трет ешалон да играат во главната рунда.

Според информациите на 24Ракомет, изготвен е нов предлог-формат кој предвидува пласман на 16 од 24 учесници во главната рунда (4 групи со 4 репрезентации). Двете најдобри од сите шест групи, како и четирите најдобри од шесте третопласирани ќе се пласираат во главната рунда. Најдобрите две репрезентации од главната рунда потоа би играле четвртфинале, со што би се додала уште една елиминациска фаза, но вкупниот број натпреварувачки денови би останал непроменет (девет натпревари) со слободни денови меѓу фазите.

Ако се усвои овој предлог, може да се имплементира веќе во 2028 година на ЕП 2028 година во Швајцарија, Португалија и Шпанија. Идејата е да се зголеми интересот кај гледачите со елиминирање на натпреварите во раните попладневни термини, оние од 15:30 часот во главната рунда, а да се играат само од 18:00 и 20:30 часот.

Ова е потенцијално добра вест за Македонија која од 2018 година ја нема поминато групната фаза на континенталните собири, кога на ЕП во Хрватска селектор беше Раул Гонзалес. На ЕП 2020 во Австрија, Норвешка и Шведска имавме само една победа против Украина, а порази од Австрија и Чешка.

На ЕП 2022 во Унгарија и Словачка, под водство на Кирил Лазаров, Македонија загуби на сите три меча и се врати дома – од Црна Гора, Данска и Словенија. На ЕП 2024 во Германија имавме само една победа над Швајцарија, а порази од Германија и Данска.

На ЕП 2026 во Данска, Шведска и Норвешка, Македонија е во тешка група со домаќинот Данска, Романија и Португалија.