Mинатиот викенд во Германија се игра дерби натпревар во една од регионалните лиги, каде што главниот збор го имаа македонски интернационалци.
Се сретнаа тимот на Аполда каде што тренер е Игор Тоскоски, а играат Христијан Милошески, Дејан Гошевски и Пеце Ѓорѓиески и тимот на Сул, каде што играат Јане Јанчев и Ангелче Органџиев.
Аполда славеше против Сул со 29-23, а дури 22 голови на победничкиот тим ги постигнаа македонските интернационалци – Милошески даде 11, Гошевски девет, а Ѓорѓиески стрелаше два пати.
Со оваа победа Аполда се искачи на врвот со 16 бодови, додека Сул останува на делба на третото место со 12 бода.

























