📷 Се евоцираа спомени: Некогашните кометалки и тренерот Радиќ на дружба

За време на Светското првенство за младинки во Македонија присутни се голем број на поранешни ракометарки и ракометни работници.

Романката Нарциса Лекушану повторно е во Скопје како официјално лице на Светската ракометна федерација, а на еден од натпреварите се сретна со некогашниот нејзин тренер од Кометал Ѓорче Петров, Владимир Радиќ.

Тука беше и македонската легенда Гордана Нацева, која сега е дел од раководството на Вардар, а со српската делегација во Македонија беа уште две поранешни членки на Кометал Ѓорче Петров – Татјана Медвед и Бранка Јовановиќ.

Медвед, која своевремено работеше и во Академијата на Вардар, сега е делегат на Европската ракометна федерација, додека Јовановиќ работи со Урош Брегар во женската репрезентација на Србија.

Лекушану го искористи својот престој во Скопје и евоцираше спомени од престојот во македонската престолнина и со Елена Златановска.