Изминатиот викенд се одиграа завршните турнири со најдобрите четири екипи во Куповите на Австрија, Романија, Словенија…
Во Австрија, кај жените, трофејот го освои Хипо, кој го славеше убедливо во финалето против Штокерау на Матеја Серафимова со 37-22, додека кај мажите триумфираше Вест Виен, кој го победи Тирол со 29-28.
Во Романија играа дамите. Со трофеј се закити ЧСМ Букурешт кој претходно во полуфиналето го елиминираше Рапид Букурешт, во финалето се справи со Дунареа Браила и ја победи со 32-27.
Најголеми заслуги за триумфот има францускиот двоец – голманката Лора Глосе со 18 одбрани и Грас Заади со шест погодоци.
Во Словенија исто така имаше Ф4 во женскиот Куп, a по административната грешка на Крим и елиминацијата на „зелена маса“, до трофеј стигна Млинотест Ајдовшчина, кој славеше во финалето против составот на Литија со 31-20.