„Се чувствува нервоза, но во позитивна смисла“

Женската репрезентација на Македонија денеска го стартува настапот на Европското првенство во Унгарија, Австрија и Швајцарија.

Селекторот Кристијан Грчевски вели дека поголемиот дел од репрезентативките на ова ЕП ќе стекнат драгоцено искуство.

„Нашата цел веќе беше остварена со пласманот на ЕП 2024, бидејќи ги имаме една од најмладите селекции на турнирот, а преку настапите овде младите ракометарки ќе соберат неопходно искуство за во иднина“, вели Грчевски.

Во репрезентацијата на Македонија веќе се чувствува нервозата, но во позитивна насока, а најголемиот акцнт ќе биде ставен за натпреварот против Турција.

,,Дефинитивно се чувствуваме нервозно пред стартот на првенството, но на позитивен начин, иако во исто време играме со Шведска, која е подготвена да се бори за медал на првенството и ќе се обидеме да се претставиме на најдобар можен начин. Малку ќе калкулираме бидејќи целта ни е натпреварот против Турција, каде што ги гледаме нашите најголеми шанси за победа”, изјави Грчевски.

Стратегот на Македонија вели дека искуство се стекнува со континуирано играње на големи настани.

,,Имаме основна група од искусни играчи, а остатокот од тимот се состои од многу млади играчи и ова првенство ќе биде од вистинска вредност за нашите млади играчи. Всушност, ни треба континуитет на играње на големите турнири за да станеме поискусни како тим кој можеме да го користиме за во иднина. Се надевам дека арената ќе биде полна и се надевам дека нашите страсни македонски поддржувачи ќе бидат на трибините за да ни ја дадат поддршката што ни е потребна”, заврши Грчевски.

Мечот меѓу Македонија и Шведска ќе се игра утревечер во „Феникс Арена“ со почеток во 20:30 часот.