Се ближи крајот – Дувњак потврди кога се простува од националниот тим

Домагој Дувњак, еден од најдобрите ракометари кои ги имала Хрватска во ракометната историја, многу скоро ќе замине во репрезентативна пензија.

Средниот бек беше дел од тимот што настапи неуспешно на Олимписките игри и најави дека последните репрезентативни натпревари ќе ги има на домашното СП 2025, секако ако селекторот Дагур Сигурдсон го повика.

„Веќе разговарав со селекторот Дагур Сигурдсон. Ако на репрезентацијата и требам за Мундијалот, тука сум да играм за Хрватска уште еднаш, за последен пат“, изјави Дувњак за „Килер Нахрихтен“.

Тој дебитираше за сениорската репрезентација во 2006 година, а на големите натпреварувања со Хрватска освои осум медали, но за жал нема злато.

СП 2025 покрај во Хрватска, ќе се игра во Данска и Норвешка.