Се ближи изборот на најдобрите на РФМ – и фановите ќе имаат свој удел

В сабота на 1 ноември, Ракометната федерација на Македонија ќе ги избере најдобрите за сезоната 2024/25.

Покрај стандардните категории, во две ќе имаат можност да учествуваат и ракометните фанови со гласање преку социјалните мрежи на македонската куќа на ракометот.

Во изборот за „најдобар ракометар од публиката“ номинирани од страна на РФМ се 14 ракометари меѓу кои се браќата Атанасијевиќ, Милан Лазаревски, Никола Митревски, Жарко Пешевски, Филип Кузмановски…

Гласањето се одвива со лајк на фотографиите на Фејсбук профилот на Ракометната федерација на Македонија.