Се активираат и дамите: Продолжува плеј-офот во Женската лига

Покрај Супер лигата, викендов ќе стартува и пролетниот дел во Женската лига со натпреварите од 3 коло во плеј-офот.

Класично дерби нема, но најинтересно би требало да биде на дуелот меѓу Куманово и Металург Автокоманда, ако се знае дека домаќинот успеа да извлече реми на гостувањето во Автокоманда на последниот меѓусебен дуел.

Актуелниот првак Ѓорче Петров е фаворит на гостувањето кај Вардар, додека ист е случајот со Чаир, кој игра на гостински терен кај штипски Астибо.

Овој месец активни ќе бидат само клубовите во плеј-офот, додека плеј-аутот ќе стартува во март.

Женска лига, плеј-оф, 3 коло:

08/02, 12:00, Астибо – Чаир
08/02, 12:00, Куманово – Металург Автокоманда
08/02, 12:00, Вардар – Ѓорче Петров