Најтрофејниот клуб во Кувајт, Ал Кувајт, значително го засили составот со ангажман на два добро познати играчи на европската сцена – португалскиот пивот со кубанско потекло Виктор Итуриза и црногорскиот десен бек Владан Липовина.
Итуриза пристигна од редовите на Порто, каде важеше за еден од најдобрите дефанзивни пивоти во Лигата на шампионите. Липовина, пак, не е ново име во кувајтскиот ракомет – тој минатата сезона играше за конкурентот Ал Кадсија.
Уште поодамна беше познато дека Липовина ќе премине во Ал Кувајт, а со тоа ќе стане најплатениот ракометар во светот, со месечна плата од 65.000 евра (околу 800.000 евра годишно).
Со бонусите за остварени резултати, оваа сума може да достигне и до 1 милион евра годишно.
Со овие два трансфери, Ал-Кувајт испраќа јасна порака за амбициите – доминација на домашната сцена и врвен пласман на азиските клупски натпреварувања.