Според шведскиот „Афтонбладет“, еден од најдобрите ракометари Сандер Сагосен ќе се врати во данскиот шампион Алборг.
Искусниот Норвежанец пред две сезони од Кил направи камбек во својата татковина и ги засили редовите на амбициозниот Колстад.
Како што е познато, Колстад одреден временски период имаше финансиски проблеми, а Сагосен беше еден од ракометарите кои прифати да игра за помала плата.
Откако беше надмината кризата, раководството на Колстад и Сагосен се договорија на нова соработка, до 2027, па така Алборг ќе мора да плати голема оштета за универзалниот бек.
Актуелниот шампион на Норвешка во дебитанскиот настап во Лигата на шампионите не успеа да направи забележителни резултати, а во оваа сезона игра топло-ладно.
Данскиот клуб има проблеми по повредата на Лукас Нилсон и по допинг суспензијата на Мигел Мартинс, па Сагосен ќе им дојде одлично во ротацијата.
Сагосен дресот на Алборг го носеше на стартот на неговата кариера, во сезона 2014/15 и 2015/16, потоа следуваше трансферот во ПСЖ, додека од сезона 2019/20 до 2022/23 беше член на Кил.