Саздовска и Мицевска прославија пласман во романската елита!

Македонските репрезентативки Јована Саздовска и Јована Мицевска имаа голема причина за славење на крајот на оваа сезона.

Нивниот клуб Слатина по една сезона пауза се врати во елитната конкуренција во Романија, откако супериорно го освои првото место во Втората лига.

Слатина немаше конкуренти и без особени проблеми славеше со двоцифрена разлика на сите натпревари.

Покрај Слатина со Мицевска и Саздовска, во Романија следната сезона ќе игра и Сара Ристовска во Рапид Букурешт, а оваа сезона членки на Униреа беа Сања Дабевска и Ивана Арсениевска.