Тимот на Охрид е во добар моментум по дерби триумфот над тимот на Кирил Лазаров и во одлична атмосфера го дочекува првиот натпревар од третото коло во ЕХФ Европскиот Куп против Слога Добој.
Десниот бек Давид Савревски вели дека постои почит за ривалот, но дека тој и неговите соиграчи ќе се потрудат да победат со што поголема разлика.
„Пред нас е важен натпревар против екипата на Слога Добој. Мора да влеземе максимално мотивирани и концентрирани. Ги почитуваме противниците, но ќе дадеме сè од себе за да победиме со што поголема разлика на домашен терен. Ги повикувам нашите навивачи да не поддржат во што поголем број“, изјави Савревски.
Натпреварот меѓу Охрид и Слога Добој се игра в недела во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток од 18:00 часот.

























