По поразот од Вардар во Скопје, ракометарите на Охрид одат на уште едно гостување – овојпат во Битола против Еурофарм Пелистер 2.
Десниот бек Давид Савревски, кој ужива доверба кај стратегот Борис Ројевиќ, го најави натпреварот против незгодниот битолски состав.
„Во сабота играме против Еурофарм Пелистер 2, нашиот противник не смее да се потцени, бидејќи ќе се бори до последната минута. Ние влегуваме максимално концентрирани и мотивирани, со добра игра одиме на победа“, изјави Савревски.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Охрид е закажан за в сабота во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 18:00 часот.