Савиќ и Огњановски го одработуваат третиот меѓународен предизвик

Македонската судиска двојка Дамјан Савиќ и Марко Огњановски, овој викенд го одработуваат третиот предизвик на меѓународна сцена.

Тие судат на силниот турнир во младински категории „Локомотива Куп“ во босанскиот град Брчко. На првиот ден го судеа мечот од групната фаза во категоријата мажи 2007 година меѓу Дубрава и Металопластика, вчера судеа на двобојот меѓу Дубрава и Копер во истата категорија.

На денешниот, последен ден на турнирот, ќе го судат полуфиналето меѓу Дубрава од Хрватска и Рибница од Словенија.

Савиќ и Огњановски се дел од програмата „Млади судии“ на Европската ракометна федерација.

Во Босна и Херцеговина играа екипи од сите екс-ју земји, како и од Словачка, Унгарија и Грција.

Савиќ и Огњановски претходно судеа на Универзитетските игри во Полска и на Европското отворено првенство за играчи до 17 години и успешно го трасираат патот кон добивање на ЕХФ значка во иднина.