Македонската интернационалка Сара Стефаноска минатиот викенд го имаше своето деби за новиот клуб.
Стефаноска го одигра првиот натпревар за српскиот шампион Јагодина и имаше победнички деби во тамошниот шампионат.
Јагодина славеше против Медицинар Шабац со 20-17, иако на полувремето имаше негатива од еден погодок.
Стефановска во триумфот на нејзиниот нов тим придонесе со два погодока, кои ги постигна во првото полувреме.
Јагодина останува лидер на табелата со 28 бода и 13 победи и едно реми во 16 натпревари, а во следното коло ќе игра на гости кај Војводина.