Македонската репрезентативка Сара Ристовска денеска ги започна подготовките за претстојната сезона со новиот клуб Рапид Букурешт.
Таа по пет сезони замина од ЦСКА Москва и ќе има друг предизвик во кариерата, а ќе се врати и во Лигата на шампионите по две сезони пауза.
Тренерот Давид Монтес ја имаше првата прозивка, а недостигаа ракометарките што ќе играат на Олимписките игри.
Покрај Ристовска, на првиот тренинг беа присутни сите романски интернационалки, Милена Раичевиќ, Анѓела Јанушевиќ, Дорина Корсос, Ајона Фернандез…
Кон крајот на јули ќе биде одигран и првиот пријателски натпревар против Стинта Букурешт, а во август Рапид и македонската репрезентативка ќе играат на неколку пријателски турнири.