По промоцијата на Лукас Сандел, Рајн Некар Левен промовираше уште еден десен бек, кој ќе го замени Сандел следното лето.
Станува збор за најдобриот асистент од Бундес лига, Јакоб Ласен, кој претстојната сезона ќе ја одигра во Хамбург, а потоа доаѓа во Манхајм.
29-годишниот Данец, кој игра на позицијата десен бек, доаѓа од Хамбург, а со тимот од Манхајм потпиша договор на две години.
„Се одлучив за Рајн Некар Левен затоа што проектот е одличен, и сакам да помогнам клубот да се врати на врвот во Бундес лигата. Ова е следен чекор во мојата кариера. Се радувам што ќе играм во „САП Арена“ и што ќе ја почувствувам поддршката од навивачите“ изјави Ласен.
Во сезоната 2023/24, Ласен беше најдобриот асистент во Бундес лигата со 156 асистенции на 33 натпревари, а постигна и 134 голови. Тој важи за еден од најпродуктивните бекови во Европа.
Ласен ја започна кариерата во Рандерс, а во 2016 година премина во Силкеборг, каде што го направи пробивот во елитата. Во 2022 година се пресели во Хамбург, а од 2026 година ќе стане дел од „лавовите“.