Самоил Ристевски на долг рок во Битола – останува во Еурофарм Пелистер до 2028!

Младинскиот репрезентативец Самоил Ристевски и во иднина ќе го носи дресот на шампионот Еурофарм Пелистер.

Кружниот напаѓач ја продолжи соработката со шампионот и ќе остане во Битола најмалку до 2028 година.

„По само неколку натпревари во тимот на Еурофарм Пелистер, кадетскиот и младински репрезентативец Самоил Ристевски потврди дека местото му е во нашиот проект и во иднина. Затоа клубот го препозна неговиот талент, напредок и проекција и потпиша договор до 2028 година. 18-годишниот Ристовски е продукт на школата на клубот и на позицијата кружен напаѓач веќе дебитираше во националните репрезентации на Македонија и неговиот квалитет е препознат насекаде. Потписот на Ристевски е само продолжување на проектот најдобрите македонски ракометари да играат во македонскиот шампион“, објавија од редовите на шампионот.

Ристевски неколку сезони беше дел од вториот тим на Еурофарм Пелистер, а сезонава доби шанса во првата екипа.

Забележа неколку одлични настапи во домашното првенство, а стратегот Бранко нгеловски му даде шанса и на дуели од Лигата на шампионите.