Само едно сценарио го води Вардар во главната рунда во Лигата на Европа

Ракометарите на Вардар ги очекува тешко гостување во далечниот Исланд против тимот на Валур во рамките на петтото коло од групната фаза во Лигата на Европа.

„Црвено-црните“ ги пропуштија своите шанси во двомечот со португалскиот Порто да обезбедат место во главната рунда, но сепак и натаму има едно сценарио што ги води меѓу најдобрите 16.

Сепак за тоа да се оствари ќе треба да чекаат и услуга од други. Прво и најважно мора да победа на гостувањето кај Валур, а Мелсунген да го совлада Порто на домашен терен.

Тоа ќе значи дека германскиот тим ќе има 10 бода на првото место и сигурен пласман на првото место на табелата, додека Вардар со победа на Исланд би имал вкупно 4, а Порто би останал на 5 бода.

Тогаш се ќе биде решено во последното коло, но Вардар ќе го чека Мелсунген и ќе мора да го победи, но и да чека сензација на Валур на гостувањето во Португалија за македонскиот тим да се искачи на второто место.

Иако шансите се минимални, сепак Вардар со новиот стратег ќе има уште поголем мотив за играње и за победи во последните две кола од групната фаза на Лигата на Европа.