Само еден Македонец остана во Солун

Десното крило Евгениј Темелкоски ќе биде единствениот Македонец наредната сезона во тимот на ПАОК од Солун.

Минатата сезона дел од овој клуб беа двајца Македонци – искусниот голман Виктор Гигов и средниот бек Дарко Георгиевски.

Тие не го продолжија својот престој во јужниот сосед, па сега Темелкоски ќе биде единствениот Македонец во ПАОК.

Темелкоски по одличните настапи за Тиквеш во минатите неколку сезони, за првпат ќе се проба на меѓународна сцена.