Македонската Супер лига ќе биде претставена од 27 ракометари на претстојното Европско првенство во Данска, Шведска и Норвешка. Од клубовите – „сино-белиот“ тим од Автокоманда има 19 претставници на ЕП, шампионот Еурофарм Пелистер има девет свои ракометари, додека Вардар има четворица момци на континенталниот собир.
Нашето првенство ќе имаше уште двајца ракометари на ЕП, но Вуко Борозан (Црна Гора) и Давид Гришикашвили (Грузија) си заминаа од Вардар, односно Бутел Скопје, а пред да бидат скратени списоците на националните селекции, дури 54 ракометари од нашето првенство беа во комбинација за настап на ЕП.
Што се однесува до сите лиги од Европа, македонската Супер лига е на третото место веднаш за Бундес лигата (23,8%), која има дури 105 претставници на континенталниот собир, и француската лига (9,1%). Македонското првенство учествува со 7% репрезентативци низ сите селекции на ЕП, а зад нашата Супер лига се лигите на Унгарија, Полска, Шпанија, Австрија, Швајцарија…што е уште еден доказ дека е најсилна на Балканот, но и меѓу најсилните во Европа.
Maкедонија (18):
Еурофарм Пелистер – Никола Митревски, Петар Атанасијевиќ, Филип Кузмановски, Павле Атанасијевиќ, Жарко Пешевски, Самоил Ристевски
Алкалоид – Иван Галевски, Иван Џонов, Ненад Костески, Никола Костески, Марко Митев, Игор Ѓорѓиев, Дамјан Митев, Мартин Серафимов, Мартин Велковски, Марко Стојковиќ, Михаил Аларов, Никола Маркоски
Полска (4):
Вардар – Милош Валах, Виктор Јанковски, Марек Марчињак
Еурофарм Пелистер – Анжеј Видомски
Србија (3):
Охрид – Дарко Ѓукиќ
Вардар – Урош Митровиќ
Алкалоид – Урош Борзаш
Словенија (2):
Еурофарм Пелистер – Ник Хенигман, Домен Тајник
























