Францускиот репрезентативен голман Самир Белaсен го живее својот ракометен сон. По четири сезони поминати во својот матичен клуб Монпелје работите драстично се менуваат за овој талентиран голман. Судбината сакаше ракометната кариера да му тргне по нагорна линија по повредата на својот легендарен соиграч, голманот Венсан Жерар.
Кил, ракометниот гигант чии бои ги брани Жерар мораше брзо да реагира по повредата на својот голман, а изборот падна на неговиот сонародник, талентираниот Самир Беласен. Со ова се оствари животната желба на французинот кој уште во своите детски години знаеше кој е клубот во кој сака да ги постигне своите најголеми успеси, а тоа е секако Кил.
Големо влијание за љубовта кон дресот на популарните “зебри“ кај Беласен имаат двајцата легендарни француски ракометари Никола Карабатиќ и Тиери Омејер, кои во тоа време беа ракометари на овој клуб. Роденденскиот подарок од своите родители да го однесат на еднонеделно патување во Кил било судбинско.
Тоа беше роденденски поклон од моите родители. Поминав една недела таму, бев и на ракометен натпревар на кој добив на поклон дрес од Тиери Омејер. Кога се вративме дома само им кажав на моите родители дека сакам да бидат професионален ракометар и да го носам дресот на Кил. Сето ова што ми се случува сега е помалку “лудо”, вели во интервјуто за ЕХФ, Беласен.
Самир Беласен има слична судбина и во француската репрезентација каде исто така мора да го замени Венсан Жерар кој е повреден и ќе го пропушти ЕП. Прв противник против кој ќе настапи на отворањето на ЕП на 10 јануари ќе биде Македонија.