Тимот на Јехона славеше на првиот натпревар во прволигашката конкуренција во новата сезона.
Гостиварчани на домашен терен немаа никакви проблеми против составот на Преспа и запишаа триумф со 25-17.
Домашните поведоа со 3-0 и во текот на целиот меч беа во предност, а до паузата стигнаа до плус шест, 13-7.
Имаа момците и плус десет, но ресенчани во финишот го ублажија поразот и бодови ќе треба да бараат на следните прволигашки пресметки.
Искусниот Адис Салиу беше прецизен десет пати, а Мојсе Тасески погоди осум. Во составот на Преспа се истакна Јовче Милошевски со четири погодоци.