Тимот на Јехона ја запиша деветтата сезонска победа во прволигашката конкуренција, откако славеше над Овче Поле со 28-21.
Домаќините поведоа со 7-1 на стартот на мечот, имаа и плус седум во текот на првиот дел, но гостите се вратија на минус еден во второто полувреме, 17-16.
Сепак Јехона набрзина ја преброди малата криза, одново создаде голема залиха која рутински ја сочува до крајот.
Предводник на домашниот тим беше искусниот Салиу со девет гола, пет постигна Давидоски, а по четири дадоа Тасески и Трифуноски. Кај Овче Поле се истакна Димитров со девет погодоци.
Јехона е на делба на шестото место со 18 бодови, додека Овче Поле се наоѓа на 10 позиција на табелата со десет бода.

























