Тимот на Колстад го освои трофејот во Купот на Норешка, откако во финалето го совлада големиот ривал Елверум со 28-27.
Херој на Колстад е Сандер Сагосен, кој беше стрелец на победничкиот гол кога останаа да се играат уште петнаесетина секунди.
Иако Колстад имаше плус шест, 19-13, сепак дозволи Елверум да се врати во игра, а во последните пет минути и да поведе со 27-25.
Сепак избраниците на Кристијан Берге, успеа да направат фантастичен пресврт и да се израдуваат на првиот трофеј во новата сезона.
Најдобар стрелец кај Колстад беше Сигвалди Гудјонсен со седум погодоци, додека кај Елверум се истакна Патрик Андерсон со исто толку.
Ова е трет трофеј во Купот на Норвешка за Колстад, и трет во серија од 2022 година.