Како дел од агендата за успешно претставување на САД на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028, машката репрезентација ќе биде дел од „Златната лига“ и ќе дебитира во 2026.
САД ќе биде дел од следното издание на „Златната лига“ во март догодина, а таму ќе се сретнат со три европски селекции.
Американците ќе играат против се уште актуелниот европски првак Франција, светскиот првак Данска, како и Холандија.
САД имаат вајлд-карта за Мундијалот 2027 во Германија, а сега во јануари ќе играат на првенството на Северна Америка.


























