САД има нов селектор

Марк Ортега е новиот селектор на машката ракометна репрезентација на САД, објави американската федерација.

Поранешниот капитен на националниот тим веќе има богато репрезентативно искуство, бидејќи долги години беше дел од составот, а потоа и помошник-тренер.

На клупско ниво го водеше холандскиот Волендам, како и американските Њујорк и Лос Анџелес.

Претходно долго време на чело на селекцијата на САД беше прославениот шведски стратег Роберт Хедин.