Селекторот на машката сениорска репрезентација на Чешка, Хавиер Сабате, го објави списокот за подготвителниот период пред настапот на Европското првенство 2024.
Сабате за време на првата фаза од подготовките ќе може да смета на 24 ракометари, меѓу нив се наоѓа и голманот од Кил, Томаш Мрква.
Токму искусниот голман ќе биде најголемиот адут на Сабате за континенталниот собир во јануари.
Освен Мрква, тука се и Матеј Клима од Лајпциг, Томаш Бабак од Бергишер, Војтех Пацел од Либек, Станислав Кашпарек од Динамо Букурешт…па така Сабате ќе има конкурентен тим за континенталниот собир.
Репрезентацијата на Чешка за време на подготовките ќе одигра две пријателски средби со Унгарија, која исто така е еден од учесниците на ЕП.
Чешка на Европското првенство во Германија за ривали во групната фаза ги има репрезентациите на Данска, Португалија и Грција.