Сабате останува во Висла Плоцк до 2028 година

Според информациите на „ТВП Спорт“, селекторот на Чешка, Хавиер Сабате, наскоро би требало да го продолжи својот договор со полскиот првак Висла Плоцк.

Новиот договор меѓу искусниот тренер од Шпанија и клубот од Плоцк ќе биде продолжен на уште две сезони, па така Сабате во новиот шампион на Полска ќе остане најмалку до 2028 година.

Шпанецот со Висла Плоцк има актуелен договор до 2026, но поради одличните резултати на домашна сцена и камбекот на домашната титула по цели 13 години, раководството на клубот му даде целосна доверба на искусниот стратег.

Сабате кормилото на Висла Плоцк го презеде во текот на 2018 година, го предводеше клубот до шампионската титула во изминатата сезона, како и до три трофеи во полскиот Куп (2022, 2023 и 2024).

Висла Плоцк за следната сезона се засили со тројцата ракометари од Словенија – Митја Јанц, Петар Шишко и Тим Цокан, како и со Марко Паниќ од Монепелје и Золтан Зита од ПИК Сегед.