Селекторот на Чешка, Чави Сабате, ги избра ракометарите што ќе бидат дел од подготовките за СП 2025 во Хрватска, Данска и Норвешка.
Сабате повика 20 ракометари за кратките подготовки до Нова Година, а од 2 јануари на националниот тим ќе му се приклучат ракометарите што играат во Германија.
Тоа се Тамаш Бабак од Бергишер, Томаш Мрква од Кил и Степан Земан од Гумерсбах, па Чешке ќе биде комплетна.
Избраниците на Сабате ќе одиграат две пријателски средби на 8 и 9 јануари против селекциите на Франција и Португалија.
Чешка е во тешка група која има само европски селекции и на СП 2025 ќе се соочи со Германија, Швајцарија и Полска.