Поранешниот белоруски ракометар и шесткратен освојувач на Лигата на шампионите, Сергеј Рутенка, е избран за нов претседател на Кошаркарската федерација на Белорусија. Одлуката била донесена на изборната конференција на федерацијата, каде што делегатите едногласно му ја дале довербата на некогашниот ракометен ас.
Според објавите од Белорусија, 44-годишниот Рутенка доаѓа на местото на Максим Риженков, кој ја водеше федерацијата од 2014 година.
Веста привлече големо внимание и поради фактот што станува збор за едно од најпознатите имиња во белорускиот ракомет. Рутенка во кариерата изгради силно европско реноме и важи за еден од најуспешните белоруски ракометари, а сега добива нова, висока функција – овојпат во сосема друг спорт.
Дополнителен интерес носи и тоа што ова не е негов прв раководен ангажман надвор од терените. Во објавите за неговиот избор се наведува дека претходно бил и на чело на Белоруската тениска федерација, што значи дека веќе има искуство во спортската администрација.
Останува да се види дали Рутенка, кој освен за репрезентацијата на Белорусија, играше и за Словениај и Шпанија, ќе успее да остави силен печат и во кошарката, како што тоа го направи во ракометот.

























