Судот во Москва донесе одлука во случајот со местење натпревари на Европското првенство за кадети во 2021 година, во кое беа вмешани членови на руската репрезентација.
Седум ракометари беа прогласени за виновни – Георгиј Кириленко, Данил Дмитриев, Александар Морозов, Никита Гоголев, Максим Ермолин, Дмитриј Кандибин и Дмитриј Фролов.
Морозов доби највисока парична казна во износ од 3.500 евра, додека останатите шестмина се казнети со по 3.000 евра.
Судот утврди дека преку трети лица играчите поставувале облози во обложувалници и обезбедувале резултати кои носеле незаконска добивка.
Скандал во Русија: Ракометари се обложувале, Федерацијата ги суспендираше