Ракометниот сојуз на Србија за нов селектор на машката сениорска репрезентација го назначи актуелниот тренер на Војводина, Борис Ројевиќ.
44-годишниот стратег седнува на селекторското место, откако српската ракометна куќа го раскина договорот со довчерашниот селектор Тони Херона.
Ројевиќ беше дел од стручниот штаб на „орлите“ на Европското првенство 2022 и добро ги познава сите репрезентативци, со дел од нив работи во Војводина.
Новиот селектор на Србија со Војводина во ланската сезона го освои трофејот во ЕХФ Купот, додека во оваа сезона направи голем успех, бидејќи клубот од Нови Сад се пласира во главната фаза во Лигата на Европа.
Во игра за селекторското место беа уште Талант Душебаев и Момир Илиќ, но двајцата не ја прифатија понудата.
Екс ракометарот на Вардар, Марко Вујин, од страна на РСС беше назначен за нов директор на сениорската репрезентација.
Србите најавија: Ројевиќ пред промоција за нов селектор на „орлите“