Селекторот на машката репрезентација на Австрија, Икер Ромеро, го одреди составот за пријателскиот натпревар против Македонија.
Ромеро ќе смета на 17 ракометари, меѓу кои има и двајца дебитанти – Нико Сагер, лево крило од Алпла Хард и средниот бек Клеменс Мостл од Линц.
Михаел Мишковец ќе биде отсутен поради повреда, исто како и искусниот Себастијан Фримел кој има повреда на коленото, а искусните десни бекови Јанко Божовиќ и Борис Живковиќ не добија повик.
Натпреварот меѓу Австрија и Македонија ќе се одигра на 21 март во Брегенц.
Австрија ќе се соочи во баражот за СП 2025 во мај против победникот од двобојот меѓу Полска и Летонија, додека Македонија ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Украина и Словачка.


























