Романски судии за Вардар и Мелсунген

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од второто коло во главната рунда од Лигата на Европа.

ЕХФ делегираше романски арбитри за мечот што е многу важен за македонскиот вицепрвак Вардар против бундеслигашот Мелсунген.

Тој двобој им е доверен на романските арбитри Раду Потирниче и Михаи Пирву, додека делегат е Михаил Башев од Бугарија.

Натпреварот меѓу Вардар и Мелсунген е закажан за 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“.